Трајков со 4 гола ја водеше А1 до победа над ЕВН

ЕВН 3-4(1-1) А1

ЕВН: Бојан Тодоровски 8’ Вилијам Митев 38’ Ајет Новобрдалија 28’
А1: Трајче Трајков 13’ 22’ 35’ 40’

Крајно тврд натпревар одиграа екипите на ЕВН и А1. Во текот на целото прво полувреме на двете страни се играше цврста одбрана, двете екипи беа добро поставени со што успешно ги бранеа своите голови. Прва до водство дојде екипата на ЕВН која во 8та минута преку Тодоровски успеа да поведе со 1-0, по неполни 3 минути екипата на А1 преку одлично реализиран контра напад на Трајков успеа да израмни на 1-1. Со овој резултат екипите заминаа на полувремето. Второто полувреме започна во ист ритам се играше цврсто се до 22та минута од второто полувреме кога А1 преку Трајков со одличен контра напад успеа да постигне гол за водство на А1 од 1-2. Во 28та минута екипата на ЕВН со одлична поставеност и добро изработен напад во реализација на Новобрдалија успеа да израмни на 2-2. До самиот финиш се играше егал натпревар и двете екипи постигнаа по еден гол по што се влезе во инфаркт завршница. Екипата на ЕВН со голман играч се обиде да направи притисок во предно поле и кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши реми Трајков со звукот на сирената постигна гол и и донесе победа на екипата на А1 со резултат од 3-4