Тринаесеттата Бизнис Лига во мал фудбал повторно со рекорден број на учесници

Најелитното аматерско натпреварување во мал фудбал Бизнис Лига на Македонија на 07.09.2023 одржа прес конференција. На самиот прес беа претставени компаниите учеснички, системот на натпреварување, распоредот од есенскиот дел кој за прв пат ќе се одигра на фудбалскиот терен во Хотелот Александар Палас. Сезоната 2023/2024 е тринаесетета последователна сезона во која Бизнис Лига на Македонија брои 24 компании и тоа:

1. Лукоил
2. ЕВН
3. УНИКА
4. Аптив
5. Корпа Мк
6. ТАВ
7. Макпетрол
8. ЈСП
9. Фабрика Карпош – ГИМ
10. Пивара Скопје
11. Bestway Solution
12. Леар
13. Ван Хоол
14. Халк Банка
15. Гранит
16. ЕЛЕМ
17. Атлантик
18. Макстил
19. Аџибадем Систина
20. Матрикс
21. Окта
22. А1
23. НЛБ Банка
24. LC Waikiki

Што се однесува до самиот ситем на натпреварување ќе се игра во групи и тоа 4 групи по 6 екипи .

Од оваа сезона Роса ќе биде дел од Бизнис Лигата. Таа ќе има за задача да ги освежува натпреварувачите. Свое обраќање имаа и проект менаџерите Младен Ѓуроски и Филип Николовски на Бизнис Лигата кои им посакаа на компаниите пред се фер плеј игра успешна сезона исполнета со многу забава и како и секогаш да победи подобриот. На пресот се обрати и директорот на С. Ц. Борис Трајковски Филип Даскаловски кој го потврди континуитетот на соработката помеѓу Бизнис Лигата и С.Ц. Борис Трајковски