УНИКА 12-4(7-0) Спорт Лајф
УНИКА: Бејамин Граинца 14’ 24’ 30’ 39’ Беким Љута 8’ 11’ 15’ 16’ Шабан Чупи 2’ 36’ Енес Ариф 10’ 40’
Спорт Лајф: Амди Бангов 38’ 39’ Трендафил Атанасовски 23’
Последниот натпревар во петнаесетото коло од Бизнис Лигата на Македонија го одиграа екипите на УНИКА и Спорт Лајф. Екипата на УНИКА натпреварот го започна со голман играч во своите редови што им овозможи полесно да стекнуваат играч плус во нападот. Во ваквата поставеност екипата на Спорт Лајф не можеше да најде против игра па УНИКА доаѓаше до отворени шутеви кон противничкиот гол. Екипата на УНИКА во првото полувреме успеа да стекне предност која беше недостижна за екипата на Спорт Лајф, резултатот на полувремето беше 7-0. Второто полувреме го отвори екипата на Спорт Лајф со гол, но УНИКА продолжи со својот препознатлив ритам, високо темпо на игра и ја одржуваше и надградуваше предноста од првото полувреме. Епилогот на крајот од овој натпревар беше висока победа на УНИКА од 12-4.