Лукоил 3-3(2-1) УНИКА (6-8 по пеналите)
Лукоил: Иван Стојчев 9’ 33’ Петар Лефков 3’
Уника: Донард Бајрами 12’ Арбен Нухиу 35’ Аднан Лимани 32’
Вториот натпревар за влез во големото финале го одиграа екипите на Лукоил и УНИКА, екипата на Лукоил уште на самиот старт преку Лефков во 3та минута успеа да дојде до водство од 1-0. Уника го започна овој натпревар со голман играч како би можела да го изненади Лукоил, но одличната поставеност пред се во делот на нападот кај Лукоил вроди со плот и во 9та минута преку Стојчев дојдоа до водство од 2-0. Преку контра напад УНИКА успеа да го изненади Лукоил истиот беше во реализација на Бајрами 12та минута резултат со кој УНИКА успеа да намали на 2-1. Во понатамошниот дел од полувремето се играше израмне натпревар и ниту една од екипите не успеа да го промени резултато. Второто полувреме го отвори екипата на УНИКА во 32та минута преку Лимани и израмни на 2-2, но Лукоил ја имаше играта во своите раце па преку Стојчев успеа да поведе на 3-2. Се продолжи во егал натпревар и двете екипи играа цврсто во одбраната затварајчи ги одлично приодите кон противничкиот гол. Во самиот финиш од натпреварот екипата на УНИКА се потпре на искусниот Арбен Нухиу кој беше присебен и со маестрален гол го израмни резултатот на 3-3. Во самата завршница и двете екипи имаа по неколку шанси кои не успеаа да ги преточат во гол по што се влезе во пенал завршница. По изведувањето на пеналите екипата на УНИКА беше поефикасна со што славеше над Лукоил и обезбеди влез во големото финале.