УНИКА 4-4(2-2) Нетцетера
УНИКА: Шабан Чупи 9” 16”, Беким Љута 31”, Арбен Нухиу 33”
Нетцетера: Теодор Димитровски 10” 25”, Евгениј Костадинов 13”, Кирил Костов 24”
Екипите на УНИКА и Нетцетера изиграа натпревар полн со пресврти. Во текот на целиот натпревар се играше гол за гол. И двете екипи играа крајно израмнето не дозволувајќи ни едната резултатски да се одлепи. Во првото полувреме прва до водство дојде екипата на УНИКА во 9” преку голман-играчот Чупи, но Нетцетера по неполна минута преку Димковски израмни на 1-1. До крајот на полувремето екипата на Нетцетера преку Костадинов успеа да поведе на 1-2, но вечерва расположениот Чупи израмни на 2-2, резултат со кој се замина на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам. Кај Нетцетера дуото Димиттовски-Костов успеаа да направат резултатска предност од 2-4. Екипата на УНИКА во втората половина од второто полувреме со контролиран напад се обидување да ја анулира предноста. Ова им појде од рака на Љута 31” и Нухиу 33” со што и двете екипи влегоа во егал завршница. Во ваквата завршница голманите беа на ниво на задачата затварајќи ги успешно сите шанси за гол за да на крајот и двете екипи одиграат реми натпревар