Аптив 7-13(3-6) УНИКА
Аптив: Александар Марковски 4’ 32’ 38’ Марјан Митев 33’ Кире Стаматовски 6’ 9’ 29’
УНИКА: Арбен Нухиу 14’ 16’ 18’ 21’ 22’ 30’ 39’ Беким Љута 12’ Шабан Чупи 5’ 19’ 40’ Фисник Нухиу 26’ 33’
Брзо и динамично прво полувреме одиграа екипите на Аптив и УНИКА, двете екипи уште од самиот старт од полувремето започнаа со отворен фудбал што донесе и погодоци во раната фаза. Прва резултатот го отвори екипата на Аптив во 4та минута со погодокот на Марковски, но УНИКА имаше брз одговор па преку Чупи успеа да израмни на 1-1. Аптив преку Стаматовски во 6та минута од полувремето дојде до повторно водство, што ја примора екипата на УНИКА да продолжи да врши силен притисок во предно поле, со оваа отворена игра Аптив искористи грешка во одбраната на УНИКА за зголемување на водството на 1-3 со вториот погодокот на Стаматовски. Сепак кај екипата на УНИКА проработе дуото Нухиу – Чупи кои со неколку погодоци во низа успеаа да направат целосен резултатски пресврт и предност од 3-6 за УНИКА на полувремрто. Во второто полувреме екипата на Аптив се обиде со голман играч резултатски да се врати во натпреварот но екипата на УНИКА продолжи со одлична игра и преку Нухиу како клучен играч во нападот успеваше да ја зголеми предноста. Екипата на Аптив успеа да постигне неколку погодоци преку Марковски, Стаматовски и Митев но предноста која УНИКА успеа да ја направи не беше лесно достижна. До крајот од наптреварот екипата на УНИКА успеа да ја сочува предноста па на крајот славеше со 7-13