УНИКА 9-3(6-2) Шпаркасе Банка
УНИКА: Љуљзим Каштањева 9’ 30’ Бенјамин Граинца 24’ Арбен Нухиу 1’ 5’ Беким Љута 7’ 10’ 13’ Енес Ариф 40’
Шпаркасе Банка: Игор Каланоски 2’ 28’ Виктор Трајановски 14’
Динамичен почеток на натпреварот помеѓу екипите на УНИКА и Шпаркасе Банка, двете екипи во овој натпревар влегоа со отворена и офанзивна игра што донесе резултат од самиот почеток на полувремето. Екипата на УНИКА уште во првата минута преку Нухиу успеа да дојде до водство од 1-0, екипата на Шпаркасе Банка по оваа негатива успеа за само неколку минути да возврати и да дојде до израмнување на 1-1 со погодокот на Калановски. Овој отворени стил на игра повеќе и одговараше на екипата на УНИКА која до средината на полувремето успеа да дојде до предност од 4-1. Во остатокот од полувремето екипата на УНИКА успеа да ја одржи разликата и на паузата да замине со предност од 6-2. Во второто полувреме екипата на УНИКА продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше водството, екипата на Шпаркасе Банка имаше неколку одлични погодоци но Уника ја одржуваше разликата. До крајот на натпреварот екипата на УНИКА ја смири играта одлично ја постави одбраната и успеа да ги одбие сите налети на Шпаркасе Банка за победа од 9-3 во овој натпревар.