Фабрика Карпош – ГИМ во дерби натпревар славеше над Корпа

Фабрика Карпош – ГИМ 5-4(1-2) Корпа

Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 13’ Георги Божиков 28’ Филип Илиевски 22’ Лазар Божиновски 34’ 38’
Корпа: Анел Курт 14’ Кристијан Велковски 34’ Никола Спасевски 30’ Ристе Вилчанов 18’

Петнаесеттото коло од Бизнис Лигата го отворија екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Корпа, двете екипи од самиот старт на натпреварот влегоа со сериозен пристап и израмнети во силите на теренот. Како одминуваше времето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ го подигаше темпото на игра и се почесто се закануваше кон голот на противникот, ваквата офанзивна игра кулуминираше во 13та минута кога Александар Божиков успеа да го отвори резултатот и реализира за 1-0. Екипата на Корпа успеа брзо да одговори со погодокот на Курт во 14та минута и да израмни на 1-1, а во финишот од полувремето успеаа и да дојдат до целосен резултаски пресврт и водство од 1-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи со одлична игра екипата на Фабрика Карпош – ГИМ на самиот старт на полувремето успеа да дојде до израмнување на 2-2 со погодокот на Илиевски. Како одминуваше времето екипите се менуваа во водството и неизвесноста траеше до самата завршница. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во самата завршница во своите редови внесе голман играч со цел да дојде до поволна позиција за погодок. Ваквата тактика на Фабрика Карпош – ГИМ вроди со полод и во 38та минута успеа да дојде до предност од 5-4 резултат кој успеа да го сочува до самиот крај на натпреварот.