Леар 4-3(4-1) Фабрика Карпош – ГИМ
Леар: Робертино Златевски 13’ Благојче Симјановски 17’ Драган Ѓорѓески 11’ 20’
Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 12’ 34’ Георги Божиков 39’
Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Леар и Фабрика Карпош – ГИМ, двете екипи во овој натпревар влегоа со брзо темпо на игра и целосен акцент на нападот. Екипата на Леар прва успеа да ја скрши одбраната на противникот и со одличен погодок на Ѓорѓески успеа да поведе со 1-0. Екипата на Фабрика Карпош имаше брз одговор и со погодок на Илиевски го израмни резултатот, но Леар брзо ја врати предноста со погодок Златевски поведе со 2-1. Во остатокот од полувремето екипата на Леар ја имаше контрола врз резултатот и со два одлични погодоци успеа да дојде до предност од 4-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ вршеше константен притисок кон голот на Леар но овие успеваа одлично ја ја сочуваат својата мрежа а преку контра напади се закануваа на спротивната страна. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ преку Илиевски успеа да искористи грешка во одбраната на Леар и да намали на 4-3 што ја направи завршницата на овој натпревар крајно неизвесна. Во ваквата драматична завршница Фабрика Карпош атакуваше и се обидуваше да дојде до израмнување но времето беше на сојузник на екипата на Леар која на крајот славеше со со 4-3.