Фабрика Карпош – ГИМ 8-3(4-2) Интертек
Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 7’ Бојан Голабовски 13’ 36’ Георги Божиков 27’ Кристијан Панев 18’ Игор Николовски 32’ 39’ Кире Крстевски 15’
Интертек: Игор Гиноски 37’ Стефан Ѓалевски 11’ 19’
Фабрика Карпош – ГИМ и Интертек во отворен фудбал го започнаа овој дуел. Натпреварот го отвори Фабрика Карпош – ГИМ во 7та минута од полувремето за водство од 1-0, но по три минути игра екипата на Интертек возврати преку Ѓалевски во 11та минута. На двете страни се продолжи со целосен акцент на играта во нападот, кон средината на првото полувреме екипата на Фабрика Карпош со два погодоци кои ги реализираа Галабовски и Крстевски поведе со 3-1. Во самиот финиш од полувремето Панев кај Фабрика Карпош реализираше гол преку контра напад за 4-1, екипата на Интертек во самиот финиш преку вечерва расположениот Шалевски успеа да намали на 4-2 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Фабрик Карпош – ГИМ успеа да направи притисок во предно поле и да го отежне протокот на топката кај Интертек, во ваквата поставеност кај Фабрика Карпош им беше овозможено да развијат брз контра напад преку кој доаѓаа до отворени шанси за гол. Со ваквата игра од минута во минута Фабрика Карпош го зголемуваше водството кое на крајот изнесуваше 8-3.