Фабрика Карпош – ГИМ со одлична одбрана до победа над Леар

Леар 2-3(2-1) Фабрика Карпош – ГИМ

Леар: Марјан Ѓорѓиески 1’ Александар Смилјановски 20’
Фабрика Карпош – ГИМ: Лазар Божиновски 17’ 35’ Александар Божиков 21’

Крајно израмнет натпревар одираа екипите на Леар и Фабрика Карпош – ГИМ. Уште во раната фаза од натпреварот Леар преку Ѓорѓиески 1’ дојде до водство од 1-0. Но екипата на Фабрика Карпош – ГИМ преку Божиновски 17’ успеа да го израмни резултатот. Екипата на Леар искористи невнимание во одбраната на Фабрика Карпош – ГИМ па преку Смилјановски 20’ дојде до водство од 2-1, резултат со кој се отиде на полувремето.

Фабрика Карпош – ГИМ второто полувреме го започна доста офанзивно со притисок во предно поле, тактика која вроди со плод во 21та минута кога Фабрика Карпош – ГИМ преку Божиков израмни на 2-2. Во втората половина од полувремето Фабрика Карпош – ГИМ, по извонредна асистенција на голманот Јоноски, а во реализација повторно на Божиновски 35’ дојде до водство од 3-2.

Во самиот финиш Леар со голман играч се обиде да го израмни резултатот но Фабрика Карпош – ГИМ со одлично поставена одбрана успеа да го сопре налетот на Леар па на крај славеше со 3-2.