Фабрика Карпош – ГИМ со пресврт во второто полувреме до победа над Стопанска Банка

Стопанска Банка 4-6(2-1) Фабрика Карпош – ГИМ
Стопанска Банка: Христијан Богдановски 10” 18”, Бојан Ѓорѓиевски 21”, Дарко Симјановски 30”
Фабрика Карпош – ГИМ: Филип Илиевски 14” 37”, Тони Котев 23”, Георги Божиков 27” 28” 29”

Екипите на Стопанска Банка и Фабрика Карпош – ГИМ со исклучително израмнета игра го започнаа овој натрпевар. И на двете страни се играше брз и отворен фудбал преку кој екипите доаѓаа до изгледни шанси за гол. Фабрика Карпош – ГИМ во текот на целото прво полувреме играше со голман-играч, додека пак Стопанска Банка настапи со стандардна постава. Прва до водство дојде екипата на Стопанска Банка преку Богдановски 10” кој со гол успеа да му донесе водство на својот тим од 1-0. По неполни 5 минути Фабрика Карпош – ГИМ преку Илиевски 14” успеа да го израмни резултатот на 1-1, но Стопанска Банка направи притисок во предно поле и повторно преку Богдановски 18” го врати водството на 2-1, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи влегоа во егал натпревар. На двете страни најизменично се менуваа со водството. Во ваквата игра прва до погодок дојде екипата на Стопанска Банка преку Ѓорѓиевски 21” со што ја зголеми предноста на 3-1. Во тие моменти еипата на Фабрика Карпош – ГИМ свика тајмаут по кој целосно го промени техничко-тактичкиот пристап на натпреварот. Ова вроди со плод и до средината на второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ усепа да постигне 4 погодоци во низа за резултат 3-5 со што практично направи целосен пресврт на овој натпревар. Екипата на Стопанска Банка преку Симјановски 30” успеа да ја намали негативата на 4-5. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа ја задржа контролата над топката и во завршните минути од натпреварот ја запечати победата со погодок во реализација на Илиевски 37”. Конечен резултат 4-6.