Халк Банка 2-3(1-1) Фабрика Карпош – ГИМ
Халк Банка: Тигран Кандикјан 5’ Самир Вели 39’
Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 19’ 35’ Игор Николовски 34’
Третиот полуфинален натпревар го одиграа екипите на Халк Банка и Фабрика Карпош – ГИМ. Екипата на Халк Банка преку голманот Тигран Кандикјан успеа да го изненади голманот на Фабрика Карпош –ГИМ и да постигне гол за водство од 1-0. Екипата на Фабрика Карпош иако настапи без два стандардни играчи успеа да ги консолидира своите редови и во понатамошниот дел од полувремето пружи отпор пред се со притисок во предно поле обидувајќи се да ја изненади екипата на Халк Банка. Ова на Фабрика Карпош и појде од рака во самата завршница на полувремето со погодокот на Божиков за израмнување на 1-1 резултат со кој зе замина на паузата. Во второто полувреме двете екипи играа цврсто ваквата агресивност во одбраната им носеше тешки шутеви кон протиничкиот гол. Во самата завршница од натпреварот кај Фабрика Карпош – ГИМ проработе дуото Николовски- Божиков кои на својата екипа и донесоа целосен резултатски пресврт. Екипата на Халк Банка со голман играч се обиде да се врати во овој натпревар но Фабрика Карпош – ГИМ успеа да го одбие тој налет и на крајот славеше со 2-3