Аџибадем Систина 3-7(2-3) Макпетрол
Аџибадем Систина: Златко Бошковски 12”, Дамјан Јофчевски 20” 26”
Макпетрол: Мишо Ѓорѓиовски 6” 11” 23” 37”, Горан Новаковски 16”, Никола Секулоски 31”, Баже Тодоровски 34”
Макпетрол во дуелот со Аџибадем Систина влезе со целосен состав, мотивирано уште на самиот почеток. Во раната фаза од овој натпревар 6” преку Ѓорѓиовски успеа да поведе со 0-1 по што следеше уште една одлична акција во реализација повторно на Ѓорѓиовски, па Макпетрол поведе со 0-2. Екипата на Аџибадем Систина преку одличен контра напад во реализација на Бошковски намали на 1-2. Овој резултат стоеше на семафорот се до самиот финиш од првото полувреме кога во завршницата Новаковски кај Макпетрол постигна гола за 1-3, по што Јофчевски во финишот од полувремето го намали резултатот на 2-3.
Екипата на Аџибадем Систина во второто полувреме со голамн-играч почна да игра офанзивен фудбал со целосен акцент на играта во нападот. Ваквата игра на Макпетрол му овозможи да развива брзи контра напади преку кои доаѓаше до отворени шанси за гол. Макпетрол успеа да ги искористи овие шанси и од минута во минута да го зголемува водството не дозволувајќи и на Аџибадем Систина да ја игра својата препознатлива игра, па на крајот Макпетрол славеше со 3-7.