ЈСП славеше над УНИКА за влез во Ф8

ЈСП 5-4(2-3) УНИКА

ЈСП: Гоце Крстев 21’ Сабит Хусеини 34’ Владимир Смичковски 11’ Филип Димовски 8’ 23’
УНИКА: Љуљзим Каштањева 15’ Беким Љута 6’ 9’ 29’

Во последниот полуфинален натпревар за влез во Ф8 фазата силите ги одмерија екипите на ЈСП и УНИКА. Екипата на УНИКА го отвори натпреварот преку погодокот на Љута со што поведе со 0-1, но екипата на ЈСП не и дозволи на екипата на УНИКА резултатски да се одвои па преку Димовски веќе во следниот напад го израмни резултатот. Љута кај екипата на УНИКА имаше своја вечер па преку контра напад успеа да реализира за водство со 1-2. ЕКипата на ЈСП во 11та преку Смичковски успеа да израмни на 2-2, во самиот финиш од првото полувреме УНИКА со одлично поставен напад успеа да реализира и да дојде до водство од 2-3. Во второто полувреме екипата на ЈСП под водство на тренерот Калиновски направи промена во тактичките замисли и со поофанзивна игра во нападот успеа да израмни и по неколку минути да направат пресврт. Екипата на УНИКА со обидуваше да створи играч плус во нападот како би се вратила во овој натпревар но ЈСП со одлична игра оставајќи го срцето на терен не дозволи пресврт и избори место Ф8 завршницата.