ЈСП со пресврт во второто полувреме до победа над Стопанска Банка

ЈСП 4-2(1-1) Стопанска Банка

ЈСП: Љупчо Павловиќ 13’ Мартин Ливрински 24’ 34’ 35’
Стопанска Банка: Александар Димитриески 6’ Марко Ташков 37’

Одлично прво полувреме прикажаа екипите на ЈСП и Стопнска Банка, двете екипи во овој дуел влегоа со отворена игра и фокус ставен на нападот. Екипата на Стопнска Банка во 6та минута од полувремето успеа да го отвори резултатот и преку Димитриевски успеа да поведе со 0-1. Екипата на ЈСП кон средината на полувремето во 13та минута преку Павловиќ успеа да го израмни резултатот на 1-1 и да ја врати неизвесноста. Како одминуваше времето се зголемуваше темпото на игра екипите имаа одлични шанси но двата голмани беа на ниво на задачата па на паузата се замина со резултат од 1-1. Во второто полувреме се продолжи со одлична игра на двете страни, екипата на ЈСП прва го подигна темпото на игра и преку одличниот Ливрински на стартот од второто полувреме успеа да дојде до целосен резултатски пресврт и водство од 4-1 . Екипата на Стопнаска Банка се обидуваше да резултатски да се врати во натпреварот и успеа да ја намали негативата преку одличниот погодок на Ташков но ЈСП ја имаше контролата врз играта и не дозволи изненадување па на крајот славеше со 4-2.