Џонсон Мети немаше сили за пресврт во дуелот со Гранит

Џонсон Мети 4-6(0-2) Гранит

Џонсон Мети: Никола Николовски 33’ Слободан Чичевски 25’ 32’ Дарко Ѓурчиновски 33’
Гранит: Николчо Глигуровски 6”, Емил Никочевич 18” Дарко Петров 24’ 29’ Виктор Нацев 40’ 40’

Екипите на Џонсон Мети и Гранит го започнаа натпреварот со голман-играч и на двете страни, што ни најави отворена и офанзивна игра. По брз и контролиран контра напад екипата на Гранит во 6” го отвори резултатот со гол во реализација на Глигуровски, со што поведе со резултат 0-1. Ова ја примора екипата на Џонсон Мети да започне со нешто по офанзивна игра и со брзи конра напади да се обиде да ја анулира резултатската негатива. Сепак со ваквата отворена игра екипата на Џонсон Мети подзаборави на својата одбрана па така во 18” следуваше казна од страна на Гранит преку Никочевич, со што Гранит дојде до водство од 0-2, резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Гранит продолжи со одлична игра и во 24та минута со погодокот на Петров успеа да зголеми на 0-3. Ова беше аларм кај екипата на ЏОнсон Мети која ги консолидира своите редови и од минута во минута започна да ја топи предноста на Гранит. Со неколку погодоци во низа прво на Чичевски потоа и на Николовски и Ѓурчиновски успеаа до 33та минута од натпреварот да дојдат до израмнување од 4-4. Со ова натпреварот влезе во инфаркт завршница, во ваквата неизвесна завршница кај екипата на Гранит блесна Нацев и со два погодоци во низа успеа да и ја донесе победата на својата екипа.