Во второто коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни израмнети натпревари полни со одлични погодоци и возбудливи моменти
Во првиот натпревар Рамстор во последната минута дојде до бодовите со Макпетрол
Прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Макпетрол и Рамстор, во ова прво полувреме и двете екипи се одредија за позатворена варијанта, внимавајќи повеќе на својот гол отколку на нападот. Периодично некоја од екипите ќе извршеше притисок кон противничкиот гол но без конкретна шанса за погодок, па затоа во ова полувреме изостанаа погодоците. Во второто полувреме двете екипи го подигнаа темпото на игра па почнаа да се редат шанси за погодок на двете страни, голманите на двата тима со одлични интервенции успеаа да спасат неколку сигурни погодоци. И кога се очекуваше натпреварот да заврши со 0-0 буквално во последната минута од натпреварот екипата на Рамстор успеа да реализира за победа од 0-1.
Стрелци на головите беа:
Рамстор: Кадри Јахија 40’
Во неизвесна завршница Гранит беа поуспешни од Фабрика Карпош – ГИМ
Одличен старт за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот со екипата на Гранит, Ѓорги Божиков со погодок во правата минута и донесе предност на екипата на Фабрика Карпош – ГИМ. По оваа негатива екипата на Гранит се префрли на противничко поле и вршеше притисок со цел да дојде до израмнување. Екипата на Фабрика Карпош одлично ја постави својата одбрана и не остави многу простор за игра на екипата на Гранит, а преку контра-напади успеваше да внесе немир во противничката екипа. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош – ГИМ успеа да постигне уште еден погодок за водство од 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Гранит започна со агресивна игра која вроди со плод од 27та минута до 31та минута тие успеаа да постигнат два погодоци и да ја стопат негативата од полувремето. По ова израмнување последните минути од натпреварот беа вистинска бркотница по теренот во која поуспешна беше екипата на Гранит која во последната минута преку Глигуровски успеа да го добие овој натпревар со 2-3
Стрелци на головите беа:
Фабрика Карпош – ГИМ: Ѓорги Божиков 1’ Филип Илиевски 20’
Гранит: Дарко Петров 27’ Ристе Бошев 31’ Николче Глигуровски 40’
ЕЛЕМ со сигурна игра дојде до победа над Тиквеш
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Тиквеш , прва до водство дојде екипата на Тиквеш со голот на Велјановски во 4та минута. По оваа негатива екипата на ЕЛЕМ го подигна темпото на игра започна со жесток притисок кон голот на Тиквеш што им донесе резултат во 11та минута преку погодокот на Бокан за израмнување. Овој погодок за израмнување и даде ветер во грб на екипата на ЕЛЕМ па во 15та минута успеаа да постигнат уште еден погодок за целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Тиквеш со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на ЕЛЕМ со одлично поставена игра во одбраната не дозволи изненадување, а до крајот на полувремето го зголеми водството на 4-1. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра во кое екипата на Тиквеш се обидуваше да ја најде својата игра како би фатила резултатски приклучок. Екипата на ЕЛЕМ имаше целосна контрола врз резултатот и играта па го доби овој натпревар со резултат од 6-4
Стрелци на головите беа:
ЕЛЕМ: Влатко Петровски 20’ Александар Бокан 11’ 33’ Сенвет Реџепи 16’ 23’ Драги Костадинов 15’
Тиквеш: Филип Велјановски 4’ 26’ Ервин Ризаов 38’ Орде Ивановски 40′
# | Одиграни | Победи | Нерешени | Порази | ГД | ГП | +/- | Поени | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | Макпетрол | 17 | 16 | 0 | 1 | 109 | 35 | 73 | 48 |
2 | Матрикс | 17 | 15 | 1 | 1 | 131 | 50 | 81 | 46 |
3 | Ван Хоол | 17 | 14 | 3 | 0 | 88 | 40 | 48 | 45 |
4 | Џонсон Мети | 18 | 15 | 0 | 3 | 94 | 57 | 37 | 45 |
5 | Рамстор | 17 | 12 | 4 | 1 | 89 | 52 | 37 | 40 |
6 | ЈСП | 17 | 11 | 3 | 3 | 104 | 57 | 47 | 36 |
7 | Фабрика Карпош – ГИМ | 17 | 10 | 4 | 3 | 90 | 59 | 31 | 34 |
8 | Еуро Табак | 17 | 10 | 2 | 5 | 103 | 74 | 29 | 32 |
9 | Џоjсон Сејфти Системс | 17 | 9 | 4 | 4 | 87 | 71 | 16 | 31 |
10 | Лукоил | 17 | 10 | 1 | 6 | 98 | 98 | 0 | 31 |
11 | Гранит | 18 | 9 | 3 | 6 | 85 | 65 | 20 | 30 |
12 | А1 | 17 | 9 | 2 | 6 | 96 | 85 | 11 | 29 |
13 | Сава Осигурување | 18 | 9 | 2 | 7 | 87 | 75 | 12 | 29 |
14 | Македонски Телеком | 17 | 8 | 1 | 8 | 84 | 69 | 14 | 25 |
15 | ЕВН | 17 | 8 | 0 | 9 | 70 | 77 | -7 | 24 |
16 | ФК на Глуви Слобода | 19 | 7 | 3 | 9 | 71 | 83 | -12 | 24 |
17 | Аптив | 16 | 6 | 4 | 6 | 85 | 71 | 14 | 22 |
18 | Аџибадем Систина | 17 | 6 | 2 | 9 | 87 | 91 | -4 | 20 |
19 | Пекабеско | 17 | 5 | 2 | 10 | 74 | 95 | -21 | 17 |
20 | Окта | 19 | 5 | 1 | 13 | 62 | 83 | -21 | 16 |
21 | ЕЛЕМ | 19 | 5 | 0 | 14 | 60 | 101 | -41 | 15 |
22 | Уни Банка | 18 | 4 | 1 | 13 | 81 | 113 | -32 | 13 |
23 | Тиквеш | 15 | 3 | 1 | 11 | 64 | 105 | -39 | 10 |
24 | ЈП Водовод | 17 | 3 | 0 | 14 | 76 | 106 | -30 | 9 |
25 | МЕПСО | 19 | 2 | 1 | 16 | 55 | 101 | -46 | 7 |
26 | Уника | 18 | 1 | 1 | 16 | 32 | 146 | -114 | 4 |
27 | ТАВ | 17 | 0 | 2 | 15 | 49 | 118 | -69 | 2 |
Џојсон Сејфти Системс и ФК на глуви Слобода ги поделија бодовите
Прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Џојсон Сејфти Системс и ФК на глуви Слобода, прва до водство дојде екипата на Џојсон Сејфти Системс со погодок уште на самиот старт односно втората минута од натпреварот. Екипата на Слобода започна со поагресивна игра и успеа да создаде неколку шанси за погодок, но екипата на Џојсон Сејфти Системс искористи празнина во одбраната на Слобода и преку контра напад до крајот на полувремето успеа да го зголеми водството на 2-0 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра во кое на самиот старт екипата на Слобода успеа да постигне погодок и да се врати на само гол негатива што ја направи завршницата на овој натпревар многу интересна. Сепак екипата на Слобода во последната минута од натпреварот успеа преку вториот гол на Чеховиќ да го израмни резултатот и со 3-3 да ги поделат бодовите.
Стрелци ан головите беа:
Џојсон Сејфти Системс: Марко Димоски 17’ Даниел Велјановски 30’ Борче Аргиловски 2’
ФК на глуви Слобода: Самир Чеховиќ 21’ 40’ Јасин Алими 36’
Аптив со одлично второ полувреме дојде до сигурна победа над МЕПСО
Одлично прво полувреме одигра екипите на Аптив и МЕПСО, видовме рано за екипата на Аптив со голот на Стаматовски во 4та минута и брз одговор на МЕПСО во 6та минута за 1-1. КОн средината на Полувремето екипата на Аптив го засили темпото на игра што им донесе два погодоци во 14та и 16та минута за водство од 3-1. До крајот на полувремето екипата на МЕПСО притискаше кон голот на Аптив со цел да ја намали негативата што им успеа па дојдоа на само гол негатива 3-2 резултат со кој се замина на паузата. На старот на полувремето екипата на МЕПСО успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот, по ова екипата на Аптив започна со силен притисок кон голот на МЕПСО а за само неколку минути успеа да го врати водството во овој натпревар. До крајот на натпреварот екипата на Аптив имаше повеќе од играта што се одрази на конечниот резултат и висока победа од 10-5.
Стрелци на головите беа:
Аптив: Александар Марковски 24’ 27’ Марјан Тодоровски 16’ 30’ 32’ 35’ Дамјан Хрдличка 14’ Кире Стаматовски 4’ 27’ 40’
МЕПСО: Александар Боцевски 21’ Александар Крстевски 6’ 30’ Далибор Христов 16’ 34’
Во нафташкото дерби Лукоил беа поуспешни од Окта
Екипата на Лукоил одлично го отвори натпреварот против екипата на Окта со погодокот на Мојсоски во 2та минута. По оваа негатива екипата на Окта со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување на резултатот и тргна во целосна офанзива но таквата отворена игра скапо ја чинеше. ЕКипата на Лукоил преку контра напади успеваше да ги казнува и на полувремето да замине со комотна предност од 0-3. Во второто полувреме иста слика екипата на Окта на сите можни начини се обидуваше резултатски да се врати во игра но екипата на Лукоил со рутинирана игра и контрола врз резултатот успеа да слави со резултат од 3-7.
Стрелци на головите беа:
Окта: Драганчо Ѓорѓиевски 28’ Наум Костовски 37’ Давид Насковски 34’
Лукоил: Дејан Зиков 16’ 23’ Гоце Мојсоски 2’ Мартин Алаѓозовски 39’ Лоренцо Николовски 32’ Анѓелчо Арсов 15’ Антонио Фенов 28’
Ван Хоол со пресврт дојде до победа над Водовод
Прво полувреме со многу жар и борба на секоја педа од теренот, во рамките на фер плејот. Екипата на Водовод беше таа која што ва го отвори резултатот со погодокот на Ајвази во 4та минута. Следуваше брз одговор на екипата на Ван Хоол со погодокот на Здравков во 6та минута. По овие воведни минути и двете екипи се фокусираа повеќе на одбрана на својот гол одколку на нападот, но во последната минута од полувремето екипата на Водовод успеа да искористи кикс во одбраната на Ван Хоол за предност од 1-2 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Ван Хоол започна со агресивна игра што вроди со плод со погодоци во 25та и 28 минута за целосен преврт. По овој пресврт екипата на Ван Хоол доби дополнителен мотив и продолжи со со напаѓачки стил на игра што им донесе предност од 3 гола која умешно ја сочува до самиот финиш за победа од 6-3.
Стрелци на головите беа:
Ван Хоол: Даниел Стаменковски 25’ 28’ Филип Белчовски 32’ Владо Здравковски 6’ 31’ Иван Вукановски 36’
Водовод: Авни Ајвази 4’ Беким Абдулаи 20’ Стојанче Величковски 33’
Во драматична завршница Аџибадем Систина славеа над ЕВН
Прво полувреме во кое екипата на Аџибадем Систина започна со офанзивен фудбал што и донесе предност во 5та минута од 0-1. По овој постигнат погодок екипата на Систина продолжи во ист ритам што и донесе ново водство во 11та минута од 0-2. Во вториот дел на полувремето екипата на ЕВН успеа да ги консолидира своите редови и да тргне жестоко кон противничкиот гол со цел да дојде до израмнување, тие успеаа во 13та минута да постигнат погодок и да дојдат само на гол негатива. До крајот на полувремето и двете екипи има уште по некоја шанса за погодок но не успеаа да реалзираат па на паузата се замина со резултат од 1-2. На стартот од вториот дел екипата на Аџибадем Систина успеа да постигне погодок и да го зголеми водството на 1-3, екипата на ЕВН не се откажуваше лесно од овој натпревар а со честа ротација на играчи и промена на тактиката успеаа да постигнат погодок во 36та минута за резултат од 2-3 и со тоа да ги направат последните минути од натпреварот вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Аџибадем Систина успеа да да ја одржи предноста и да слави со резултат од 3-4.
Стрелци на головите беа:
ЕВН: Виктор Влаканчев 36’ Томи Илиевски 38’ Ајет Новобрдарија 13’
Аџибадем Систина: Кристијан Димковски 5’ Игор Ѓеорѓиевски 11’ 24’ 40’
Број на дрес | Играч | Број на погодоци | Екипа | |
---|---|---|---|---|
Група А | ||||
1 | 9 | Филип Илиевски | 13 | Фабрика Карпош - ГИМ |
2 | / | Мартин Ливрински | 12 | ЈСП |
3 | 28 | Душан Спасеновски | 10 | ЕЛЕМ |
4 | / | Живе Ѓорѓиевски | 8 | ВДЛ Ван Хоол |
5 | 2 | Вилијам Митев | 7 | ЕВН |
Група Б | ||||
1 | 9 | Марко Неделковски | 18 | Bestway Solution |
2 | 19 | Арбен Нухиу | 15 | УНИКА |
3 | 15 | Дамјан Петревски | 14 | Тиквеш |
4 | 5 | Кристијан Димковски | 14 | Аџибадем Систина |
5 | 7 | Бојан Петковски | 11 | Атлантик Груп |
А1 со одлично второ полувреме до победа над Сава Осигурување
Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу Сава Осигурување и А1 одмина во мирен ритам без многу шанси за погодок на двете страни. Како одминуваше времето екипата на Сава Осигурување го засили темпото на игра и започна со напаѓачки стил на игра што вроди со плод со два погодоци едно по друго во 11та и 12та минута за водство од 2-0. По оваа негатива екипата на А1 започна со агресивна игра и тргна по израмнување, ова вроди со плод во 15та и 18та минута со двата гола на Тодоровски за израмнување на 2-2. До крајот на полувремето екипата на Сава осигурување успеа да постигне погодок и повторно да го превземе водството на 3-2 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме видовме една сосема нова екипа на А1, уште на самиот старт започнаа агресивно да напаѓаат кон голот на Сава Осигурување. Во 28та минута од натпреварот екипата на А1 успеа да постигне погодок за израмнување што и даде дополнителен мотив уште пожестоко да тргне кон противничкиот гол. Последните минути од натпреварот екипата на А1 успеа сите свои шанси да ги претвори во погодоци и на крајот да извојува сигурна победа од 3-6.
Стрелци на головите беа:
Сава Осигурување: Коста Глигуровски 11’ 20’ Данило Апостоловски 12’
А1: Мартин Ангеловски 31’ Мартин Тодоровски 15’ 18’ Иле Никодиновски 28’ 34’ Ненад Богдановиќ 38’
Џонсон Мети беа сигурни во дуелот со ТАВ
Одличен старт за екипата на Џонсон Мети во дуелот со ТАВ, со погодци во 6та и 8та минута екипата на Џонсон Мети се стекна со солидно вдство од 2-0. По оваа негатива екипата на ТАВ беше приморана да започне со поагресивна игра и да врши притисок кон голот на Џонсон Мети. Екипата на Џонсон Мети со одлично поставена игра во одбраната имаше целосна контрола и не и сотави простор за игра на екипата на ТАВ па го доби полувремето со резултат од 5-0. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра во кое екипата на ТАВ со чести промени на играчкиот кадар се обидуваше да фати резултатски приклучок но екипата на Џонсон Мети рутинирано го успори темпото на игра ги затвори приодите кон својот гол и успеа да го добие овој натпревар со 8-4.
Стрелци на головите беа:
Џонсон Мети: Бојан Дејановски 8’ Благојче Божиновски 6’ Бране Стојановски 38’ Љупче Стојановски 28’ Христијан Стојановски 15’ 24’ Мартин Николовски 19’ Стефан Јовановски 16’
ТАВ:Елмаз Ибрахими 27’ Мартин Стојановски 23’ 26’ Филип 26’
ЈСП со пресврт дојде до победа над Македонски Телеком
Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и Македонски Телеком, екипата на Телеком со погодокот на Лазаревски во 11та минута успеа да го отвори резултатот за водство од 0-1. По оваа негатива екипата на ЈСП се префрли на противничкото поле и вршеше притисок кон голот на Телеком со цел да дојде до израмнување, но екипата на Телеком одлично ја контролираше играта и не дозволи изненадување. И кога се очекуваше дека на полувремето ќе се замине со овој резултат буквално во последната секунда од полувремето голманот на Телеком Миладиновски со ефектен погодок и донесе водство на својата екипа од 0-2. Во второто полувреме видовме една нова екипа на ЈСП која влезе многу помотивирано и од самиот старт вршеше константен притисок кон голот на Телеком, што вроди со плод па веќе во 23та минута дојдоа до целосен резултатски пресврт од 3-2. До крајот на натпреварот екипата на Телеком се обидуваше да се врати во игра но екипата на ЈСП рутиниранја заврши задачата и го доби овој натпревар со 6-2.
Стрелци на головите беа:
ЈСП: Дејан Блажевски 26’ Велко Серафимовски 40’ Даниел Антовски 23’ 31’ Сабит Хусеини 39’ Тихо Фидановски 27’ 35’
Македонски Телеком: Данило Миладиновски 20’ Михајло Лазаревски 11’
Матрикс беа сигурни во дуелот со Уника
Првото полувреме во целост и припадна на екипата на Матрикс тие уште на самиот старт се стекна со високо водство кое од минута во минута константно го зголемуваа. Екипата на Уника на овој натпрева настаби со скратенростер на играчи што се одрази на играта и резултатот и покрај сите обиди на екипата на Уника да фати резултатски приклучок не успеа да на полувреме екипата на Матрикс замина со високи 1-7. Во второто полувреме иста слика целосна контрола на играта и резултатот од екипата на Матрикс која со чести ротации на играчи ја одржуваше свежината во играта нешто со кое кратката клупа на Уника не можеше да се справи. За на крајот екипата на Матрикс да слави убедливо со 1-12.
Стрелци на головите беа:
Уника: Сашо Јакимовски 20’
Матрикс: Петре Даиловски 2’4’ Драган Брњарчевски 1’ 6’ Мирко Богески 3’ Антонио Богдановски 17’ 26’ 26’ Ивица Аралампиевски 37’ Панче Дангев 32’ Андреј Синадиновски 8’ Велче Јордановски 37’
Уни Банка немаше противигра за расположениот Еуро Табак
Одличен старт за екипата на Еуро Табак во дуелот со Уни Банка, веќе во 4та минута со погодоците на Ливрински и Јанковски екипата на Еуро Табак се стекна со солидно водство од 0-2. По оваа негатива екипата на Уни Банка се префрли на противничко поле и вршеше силен пристисок кон голот на Еуро Табак со цел да дојде до израмнување. Екипата на Еуро Табак одлично ја постави својата игра во одбраната не остави простор за игра на екипата на Уни Банка и преку контра напади ги казнуваше грешките за водство од 0-6 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Уни Банка влезе со променета тактика што веднаш резултираше со два постигнати погодоци и намалување на негативата. Сепак екипата на Еуро Табак не дозволи да ја прокоцка високата предност од полувремето па го доби овој натпревар со 6-14.
Стрелци на головите беа:
Уни Банка: Ивица Орозовски 25’ 25’ 36’ Методиј Христовски 40’ Александар Кузинаков 22’ 23’
Еуро Табак: Никола Зафировски 38’ Мартин Ливрински 4’ 19’ 22’ 25’ 27’ 30’ Дејан Јанковски 4’7’ 12’ 35’ Борислав Стојанов 20’ Григориј Јовановски 26’ 27’
Ова коло се истакнаа следните поедници:
– Мартин Ливрински (Еуро Табак) 6 гола
– Марјан Тодоровски (Аптив) 4 гола
– Игор Ѓоргиевски (Аџибадем Систина) 3 гола
– Даниел Стаменковски (Аптив) 2 гола
Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:
Кире Стаматовски (Аптив), Коста Глигуровски (Сава Осигурување), Иле Никодиновски (А1), Мартин Тодоровски (А1), Дејан Зиков (Лукоил), Даниел Антовски (ЈСП), Дејан Јанковски (Еуро Табак), Ивица Орозовски (Уни Банка)
Екипа на колото: Аптив
Тренер на колото: Алтај Иметовски (Рамстор)
Голман на колото: Енис Мурселов (Рамстор)