Bestway Solution немаште доволно сили за пресврт во дуелот со ТАВ

Bestway Solution 6-7(0-3) ТАВ
Bestway Solution: Марко Неделковски 28” 30” 35” 40”, Темелковски 30”, Ненад Стојкоски 36”
ТАВ: Алексо Новески 6”, Даниел Симиќ 12”, Алмир Имер 16” 26”, Седат Сали 22” 37” 39”, Дамјан

Екипите на Bestway Solution и ТАВ во првото полувреме влегоа сконцентрирано со целосен фокус во играта. Екипата на ТАВ играше нешто по отворен фудбал уште на самиот старт што и овозможи преку брзии транзиции да доаѓа до отворени шански кон противничкиот гол. Прва до водство дојде екипата на ТАВ преку Новески 6” кој настапи како гоман-играч со кој практично ТАВ успеа да го изненади Bestway Solution. На Новески му се приклучија Симиќ 12” и Имер 16”, со што ТАВ оствари предност од 3-0, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме бевме сведоци на вистинска драма. Еипата на Bestway Solution не само што успеа да ги консолидира своите редови туку успеа и да најде против-игра за поставеноста на ТАВ. Кај Bestway Solution проработе Неделковски кој со четири гола целосно го врати Bestway Solution во овој натпревар. Екипата на ТАВ во самиот финиш имаше повеќе среќа со што успеа со минимална предност од 6-7 да излезе како победник.