LC Waikiki 4-2(2-2) Макстил
LC Waikiki: Ергин Алими 6”, Адмир Халилович 7”, Мустафа Мустафа 26’ 29’
Макстил : Цветанчо Милошевски 19’, Мартин Лазев 20’
Интересно прво полувреме одиграа екипите на LC Waikikiи Макстил, двете екипи од самиот почеток на полувремето започнаа со отворена и брза игра. Екипата на LC Waikiki прва го отвори резултатот во 6та минута преку погодокот на Алими, на кого веќе во следниот напад му се приклучи и Халилович за водство од 2-0. По оваа негатива екипата на Макстил ги консолидира своите редови и започна со силен притисок кон противничкиот гол. Екипата на LC Waikiki успеваше да ги одолее нападите на Макстил се до завршницата на полувремето кога Макстил преку Милошевски и Лазев успеа да дојде до израмнување на 2-2 резултатот со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на LC Waikiki повторно ја превзема иницијативата и кон средината на второто полувреме успеа да дојде до повторна предност преку Мустафа. LC Waikiki со вториот погодок на Мустафа успеа да ја зголеми предноста на 4-2, екипата на Макстил започна со поотворена игра со цел резултатски да се врати во натпреварот но LC Waikiki одлично ја постави одбраната не дозволи екипата на Макстил да дојде до отворена позиција за гол па на крајот славеше со 4-2.