Окта 3-4(0-4) Фабрика Карпош – ГИМ
Окта: Живко Котевски 29′ Александар Јовчевски 33′ Един Скендеровиќ 36′
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 4′ Александар Божиков 3′ Георги Божиков 15′ Слвачо Мирчевски 18′
Во првиот натпревар од шестото коло силите ги одмерија екипите на Окта и Фабрика Карпош
Првата фаза од полувремето и припадна на Фабрика Карпош која уште на самиот старт вршеше силен притисок кон голот на Окта што резултираше со водство од 0-2 во 4та минута. По оваа негатива екипата на Окта се префрли на противничко поле вршејќи притисок да фати резултатски притисок, но во таквата отворена игра остави многу простор во одбраната тоа го казни екипата на Фабрика карпош во 15та минута со уште еден погодок и водство од 0-3. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош успеа да го зголеми водството на 0-4. Во второто полувреме екипата на Окта тргна во целосна офанзива со промена на тактиката во фаза на напад играјќи со голман играч што и делумно вроди со плод и во 36та минута успеаа да се доближат на гол негатива и да ги направат последните минути од натпреварот неизвесни. Сепак екипата на Фабрика Карпош успеа да се одбрани од силниот притисок од екипата на Окта и да го добие натпреварот со резултат од 3-4.