Дарко Филимановски (С.Ц. Борис Трајковски) (најдобар петти играч)
Allround играчи на третото коло:Даниел Антовски (ЈСП), Бенјамин Граница (Уника), Ибрахим Бекир (Рамстор), Благоја Божиновски (Џонсон Мети), Бесими Нухиу (Уника), Љупчо Павловиќ (ЈСП)
Џонсон Мети (екипа на третото коло)
….
Во рамките на третото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни 9 натпревари полни со возбуда, пресврти и одлични погодоци.
Третото коло го отворија екипите на Рамстор и Пекабеско.
Во првиот натпревар од третото коло силите си ги одмерија екипите на Рамстор и Пекабеско.
Првото полувреме од натпреварот помеѓу Рамстор и Пекабеско ни понуди возбудлив фудбал со многу шанси и атрактивни потези на двете страни. Во ова полувреме екипата на Рамстор своите зрели шанси успеа да ги претвори во гол за комотно водство од 3-0 до средината на полувремето. Екипата на Пекабексо прикажа одлична игра но во ова полувреме затаи нивната реализацаија. На паузата се замина со резултат од 3-0. На стартот на второто полувреме екипата на Пекабеско тргна напаѓачки и со сите сили се обидуваше да го намали водството на Рамстор од полувремето, сепак екипата на Рамстор ја казни таквата отворена игра на Пекабеско и на крајот го доби натпреварот со убедливи 9-2.
Стрелци на головите беа:
Рамстор: Фуркан Муртезан 7′ 10′ Хурјед Шакири 12′ 35′ 37′ Зоран Алексовски 22′ Арјан Цами 38′ Ибрахим Бекир 29′ 33′
Пекабеско: Мартин Здравевски 24′ 40′
Матрикс ги искористи грешките на Окта за сигурна победа
Натпреварот помеѓу екипите на Окта и Матрикс имаше одличен почеток за екипата на Матрикс која уште во првата минута го отвори резултатот со одличен погодок на Богдановски. По овој рано примен погодок екипата на Окта се префрли во противничкото поле со цел да дојде до израмнување. Екипата на Матрикс одлично ја имаше поставено својата игра во одбрана и преку контра напади успеа да го зголеми водството кое на полувремето изнесуваше 2-0. Во вториот дел екипата на Окта започна со промена на тактиката во фаза на напад играјќи со голман играч со цел да створи вишок, но и ваквата тактика не им донесе резултат напротив екипата на Матрикс ја искористи празнината во одбраната за зголемување на водството и конечна победа од 5-0.
Стрелци на головите беа:
Матрикс: Антонио Богдановски 1′ Дарко Цветковски 19′ Бојан Марковски 25′ Велче Јордановски Никола Христовски 40′
Макпетрол не дозволи изненадување во дуелот со Вип
Екипите на Макпетрол и Вип одиграа ефикасно прво полувреме, во ова прво полувреме еклипата на Макпетрол покажа целосна доминација. Тие уште на самиот старт го превземаа водството и со сигурна игра во одбрана и напад од минута во минута го зголемуваа. Екипата на Вип која денеска настапи без неколкумина клучни играчи не успеа да најде против игра за денес расположениот Макпетрол. На полувремето се замина со резултат 7-2. Во второто полувреме екипата на Вип започна со одлична игра и успеа да го намали високото водство од полувремето преку одличниот Ангеловски со 4 постигнати погодоци но сепак екипата на Макпетрол не дозволи изненадување и со сигурна игра ги однесе бодовите во овој натпревар. Крај 9-5
Стрелци на головите беа:
Макпетрол: Ибраим Исмаили 2′ Мишо Ѓоргиевски 6′ 13′ 32′ Игор Стојковски 7′ 10′ 11′ 13′ 40′
Вип: Мартин Ангеловски 9′ 17′ 21′ 37′ Иле Никодиновски 28′
Алкалоид со целосен пресврт дојде до победа над Фабрика Карпош – ГИМ
Израмнето прво полувреме одигра екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и Алкалоид, видовме рано постигнат гол во 2та минута за водство на екипата на Фабрика Карпош но веќе следната минута имаше одговор од другата страна за израмнување. По оваа почетна еуфорија темпото на игра спласна играчите повеќе се фокусираа на одбраната и со повремени удари од далечина се обидуваа да го изненадат противникот. На полувремето сепак се замина со резултатот од 3тата минута 1-1. На стартот од вториот дел екипата на Фабрика Карпош успеа да ја искористи предноста со играч плус на теренот и да поведе со 2-1. По оваа негатива екипата на Алкалоид направи неколку промени во играчкиот кадар што резултираше со целосен пресврт во 34та минута благодарение на расположениот Салковиќ кој ја осигура победата на Алкалоид со 3 постигнати гол. Крај 2-4
Стрелци на головите беа:
Фабрика Карпош – ГИМ: Георги Божиков 2′ Кристијан панев 22′
Алкалоид: Стефан Димовски 3′ Денис Салковиќ 29′ 34′ 39′
Сава Осигурување беа сигурни во дуелот со Мепсо
Првиот дел од полувремето во натпреварот помеѓу Мепсо и Сава Осигурување во целост и припадна на екипата на Сава Осигурување, тие уште на самиот старт започнаа со силен притисок кон противничкиот гол и во 8та минута имаа солидно водство од 0-3. Екипата на Мепсо со голман играч во фаза на напад се обидуваше да створи вишок и да дојде до намалување на предноста на Сава. До крајот на полувремето екипата на Сава Осигурување ги затвори сите приоди до својот гол и не и дозволи на екипата на Мепсо да постигне погодок. На полувремето се замина со резултат од 0-4. На стартот на второто полувреме екипата на Мепсо се префрли на противничката половина вршејќи постојан пристисок кон голот на Сава Осигурување, тие креираа неколку одлични шанси за погодок но имаа слаба реализација. До крајот на натпреварот екипата на Сава ОСигурување целосно ја контролираше играта и резултатот па на крајот извојува висока победа од 0-5.
Стрелци на головите беа:
Сава Осигурување: Андреј Китановски 4′ 8′ 38′ Ивица Минов 6′ Мирче Маринкович 19′
Во драматична завршница Лукоил дојде до победа во дуелот со ЈСП
Динамично прво полувреме одиграа екипите на Лукоил и ЈСП, уште на самиот старт двете екипи наметнаа високо темпо на игра со голема борба во рамките на фер плејот. Прво до водство дојде екипата на Лукоил со одличниот погодок на Зиков во 6та минута, веќе во 9та минута резултатот беше 2-0. Екипата на ЈСП не се откажуваше лесно и со голема борба одговараше на секој гол на екипата на Лукоил па на паузата се замина со резултат од 3-3. На стартот од второто полувреме екипата на Лукоил постигна погодок за ново водство, по овој погодок екипата на ЈСП се префрли на противничко поле вршејќи силен притисок кон голот на Лукоил. Екипата на Лукоил одолеваше на притисокот до 36та минута која ЈСП постигна погодок за изармнивање а веќе во следната минута и погодок за водство. Последните 3 минути беа вистинска драма во која екипата на Лукоил успеа да постигне два погодока и повторно да ја врати резултатската предност за победа од 6-5.
Стрелци на головите беа:
Лукоил: Маријан Цветковски 12′ Игор Дамјановски 9′ Дејан Зиков 6′ 22′ Мартин Алаѓозовски 38′ Лоренцо Николовски 40′
ЈСП: Дејан Блажевски 36′ Љупчо Павловиќ 10′ 13′ Даниел Антовски 19′ 37′
С.Ц. Борис Трајковски преку LC Waikiki дојде до првата победа
Првото полувреме од дуелот помеѓу екипите на LC Waikiki и С.Ц. Борис Трајковски и припадна на екипата на Борис трајковски тие уште на самиот старт ја превземаа иницијативата успеаа да створат одлични шанси за погодок, и во 5та минута да го отворат резултатот. Во 11та минута екипата на LC Waikiki успеа да креира одличен контра напад и да го претвори во погодок за израмнување, но по овој погодок екипата на Борис Трајковски го подигна темпото на игра, се префрли на противничката половина што резултираше со погодоци во 14та и 16та минута за водство од 1-3 на полувремето. Во второто полувреме се продолжи со високо темпо на игра се редеа шанси за голови на двете страни, во таквата отворена игра поумешна беше екипата на Борис Трајковски која од минута во минута го зголемуваше водството стекнато на полувремето. Екипата на LC Waikiki во овој натпревар покажа слаба реализација и го загуби овој натпревар со резултат од 3-8
Стрелци на головите беа:
LC Waikiki: Едит Салковиќ 11′ Армин Дрпљнин 36′ Мухамед Амети 23′
Борис Трајковски: Влахо Костов 14′ Љубомир Стојановски 21′ 25′ 37′ Јане Мицевски 28′ Дарко Филимановски 5′ 16′ 27′
Уника со сигурна игра стигна до победа над ЕЛЕМ
Натпреварот помеѓу Уника и ЕЛЕМ започна одлично за екипата на Уника која со два брзи погодоци преку Нухиу во првата и втората минута успеа да стекне солидна предност. По ова рано водство екипата на Уника се повлече на својата половина и го намали темпото на игра. Сепак екипата на ЕЛЕМ не се откажуваше и со сите сили се обидуваа резултатски да се вратат во игра, тоа им успеа при крајот на полувремето во 18та минута. До крајот на полувремето екипата на Уника како и на почетокот со два брзи погодоци го зголеми резултатот на 4-1 со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ се префрли во предно поле и вршеше притисок кон противничкиот гол, тие направија промена во тактиката и се обидоа со голман играч да направат вишок во нападот за намалување на водството. Екипата на Уника одлично ја постави играта во одбрана и со брзи контри ја казнуваше отворената игра на ЕЛЕМ за победа на овој дуел со високи 10-5.
Стрелци на головите беа:
Уника: Бесими Нухиу 1′ 2′ 30′ Љуљзим Каштањева 18′ 39′ Бенјамин Граинца 19′ 32′ 38′ Васко Кокаланов 27′ Беркан Ахмети 36′
ЕЛЕМ: Петар Василевски 18′ 29′ Горан Николовски 33′ 40′ Златко Станковски 36′
Џонсон Мети со пеколно второ полувреме дојде до победа Маркарт во последниот натпревар од третото коло
Прво полувреме исполнето со многу борба за секоја педа од теренот, екипата на Маркарт беше таа која ја превзема почетната иницијатива и тргна кон противничкиот гол, што и донесе водство во 3та минута. Екипата на Џонсон Мети по рано примениот погодок успеа да ги консолидира своите редови и да тргне со понапаѓачка формација, но во 13та минута екипата на Маркарт преку контра напад успеа да искористи празнината во одбраната кај Џонсон Мети и да го зголеми водството на 2-0 со кој резултат се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Џонсон Мети во игра уфрли голман играч што веднаш вроди со плод и за неполни три минути успеаа да направат целосен резултатски пресврт. Овие почетни минути ја срушија целата концепција на екипата на Маркарт која не можеше да најде против игра во ова полувреме. На крајот овој натпревар заврши со победа на екипата на Џонсон Мети од 5-2.
Стрелци на головите беа:
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 26′ 34′ Бојан Дејановски 25′ Благоја Божиновски 23′ 39′
Маркарт: Тоше Георгиев 3′ Александар Ристовски 13′
Ова коло се истакнаа следните поедници:
– Игор Стојковски (Макпетрол) 5 гола
– Денис Салковиќ (Алкалоид) 3 гола
– Хурјед Шакири (Рамстор) 3 гола
– Андрај Китановски (Сава Осигурубање) 3 гола
– Дарко Филимановски (С.Ц. Борис Трајковски) 3 гола
Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа: Даниел Антовски (ЈСП), Бенјамин Граница (Уника), Ибрахим Бекир (Рамстор), Благоја Божиновски (Џонсон Мети), Бесими Нухиу (Уника), Љупчо Павловиќ (ЈСП)
Екипа на колото: Џонсон Мети
Тренер на колото: Младеновиќ Јован (Матрикс)
Голман на колото: Енис Мурселов (Рамстор)