Алкалоид со колективна игра до победа над Уни Банка

Алкалоид 8-3(4-2) Уни Банка

Алкалоид: Стефан Димовски 11’ 12’ Сунај Љазим 1’ 12’ 30’ Дениз Салкович 17’ Даниел Митич 28’ Марко Марковски 39’

Уни Банка:Владислав Хаџидинев 1’ Александар Кузинаков 34’ Ивица Орозовски 19’

Одличен старт на дуелот помеѓу Алкалоид и Уни Банка, уште на самиот старт екипата на Уни Банка успеа да поведе со голот на Хаџидинев, следуваше брз одговор на Љазми за израмнување на 1-1. По овие воведни минути се смири темпото на игра но екипата на Алкалоид од минута во минута го зголемуваше темпото па кон средината на полувремето успеа со два гола едноподруго дојде до водство од 3-1. До крајот на полувремето екипата на Уни Банка се обидуваше да дојде до израмнување но екипата на Алкалоид со одлично поставена одбрана не дозволи изненадување а успеа да постигне уште еден погодок за водство од 4-1 сепак екипата на Уни Банка во последните минути од полувремето успеа да реализира за ублажување на водството па на паузата се замина со резултат од 4-2. Во второто полувреме екипата на Уни Банка се префли на противничка половина и фрли се на една карта тргнуваќи по израмнување, таквата отворена игра остваи многу простор во нивната одбрана што знаеше да го казни екипата на Алкалоид за на крајот да извојува висока победа од 8-3