Ангеловски го водеше Вип до победа над ЕВН

 

ЕВН 6-7(3-4) Вип

ЕВН: Наумче Бадаловски 12’ 16’ 18’ Бојан Симоновски 36’ Ајет Новобрдарија 37’ Драган Стојков 34’

Вип: Ненад Богдановиќ 8’ Мартин Ангеловски 7’ 8’ 23’ 26’ Мартин Тодоровски 29’ Никола Спасевски 10’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на ЕВН и Вип, првата фаза од полувремето и припадна на екипата на Вип која успеа да направи солидна предност од 0-4, но екипата на ЕВН во своите редови го имаше расположениот за игра Бадаловски кој успеа да постигне 3 гола со екипата на ЕВН успеа да фати резултатски приклучок. До крајот на полувремето екипата на Вип успеа да се одбрани од жестокиот притисок кој го наметнуваше екипата на ЕВН па го доби полувремето со резултат од 3-4. Во второто полувреме и двете екипи продолжија со висок ритам на игра, се редеа шанси и на двете страни. Екипата на Вип успеа да постигне два погодоци и повторно да се стекне со солидно водство. Екипата на ЕВн не се откажуваше лесно од овој натпревар па во 37та минута успеа да стигне до гол негатива и да ги направи последните минути вистинска драма. Сепак екипата на Вип успеа да ја сочува предноста и да го добие натпреварот со резултат од 6-7