Аптив со тимска игра дојде до победа над Аџибадем Систина и влез во следната фаза

Аџибадем Систина 4-7(1-4) Аптив

Аџибадем Систина: Кристијан ДИмковски 30’ Даниел Боневски 6; Златко Бошковски 23’ 27’
Аптив: Александар Марковски 2’ 22’ 32’ Иле Трајковски 40’ Кире Стаматовски 3’ 4’ 19’

Одличен почеток за екипата на Аптив во дуелот со Аџибадем Систина, тие уште на самиот старт покажаа одлична игра што им донесе брзо водство во 2та минута од натпреварот со погодокот Марковски. Екипата на Аптив продолжи со одлична игра и со два погодоци на Стаматовски во низа успеа да го зголеми водството на 0-3. Екипата на Аџибадем Систина ги консолидира своите редови и со погодок на Боневски успеа да намали на 1-3. ДО крајот на полувремето иако екипата на Систина се обидуваше резултатски да се врати и вршеше константен притисок во предно поле, ваквата игра ја искористи Аптив за преку брз контра напад да го зголеми водството на 1-4 во самата завршница на полувремето. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина почна да ја топи предноста на Аптив и во 30та минута од полувремето дојдоа на само еден гол негатива. Ова ја примора екипата на Аптив во игра да внесе голман играч што се покажа како правилна одлика па успеаа повторно да ја зголемат предноста на 4-6. До крајот на натпреварот екипата на Систина се обидуваше да дојде до пресврт но Аптив одлично ја постави својата игра не ја прокоцка предноста и на крајот славеше со 4-7.