Аџибадем Систина со одличен финиш до бодовите во дуелот со L.C. Waikiki

Аџибадем Систина 7-5(0-2) L.C. Waikiki

Аџибадем Систина: Далибор Дамјановски 27’ 39’ 40’ Игор Ѓорѓиевски 31’ Кристијан Димовски 27’ Мирослав Неделковски 26’ Никола Трајковски 31’
L.C. Waikiki: Армин Дрпљанин 7’ 12’ Едит Салковиќ 25’ 26’ 36’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систина и L.C. Waikiki, првиот дел од полувремето и припадна на екипата на L.C. Waikiki која со погодоците на Дрпљанин во 7та и 12та минута се стекнаа со водство од 0-2. По ова екипата на Аџибадем Систина започна со поагресивна игра и тргна по израмнување, тие успеаа да створат неколку шанси за погодок но имаа слаба реализација па на полувреме екипата на L.C. Waikiki замина со предност од 0-2. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Ситина влезе многу помотивирано и кон средината на полувремето успеа да постигне три погодоци за само две минути и успеа да направи целосен резултатски пресврт , по ова свој одличен период имаше екипата на L.C. Waikiki која тргна шестоко кон голот на Систина успеа да реализира и да дојде до израмнување на 5-5. Во финишот од натпреварот екипата на Систина успеа да искористи грешка во одбраната на L.C. Waikiki и преку два гола на Дамјановиќ успеа да го добие овој дуел со 7-5.