Аџибадем Систина со одлично второ полувреме до победа над Пекабеско

Аџибадем Систина 9-4(3-2) Пекабеско

Аџибадем Систина: Ивица Петровски 16’ Игор Ѓорѓиевски 23’ 24’ 33’ 40’ Кристијан Димковски 16’ 34’ 37’ Злате Бошковски 4’

Пекабеско: Стефче Стојановски 38’ Ѓоре Бочваров 11’ 35’ Алвин Бачко 10’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систина и Пекабеско, прва до водство дојде екипата на Систина во 4та минута со одличниот погодок на Бошковски и водство од 1-0. По ова почетно водство на Систина екипата на Пекабеско се префрли на противничко поле и до 11та минута успеа да направи целосен пресврт од 1-2. До крајот на натпреварот екипата на Систина го подигаше ритамот на игра што вроди со плод и водство од 3-2 на полувремето. На стартот на вториот дел екипата на Систина со двата погодоци на Ѓорѓиевски успеа да се стекне со солидно водство, кое и покрај одбидите на Пекабеско да го намали успеа да го задржи до крајот на натпреварот и со рутинирана игра Систина да ги однесе бодовите со резултат од 9-4.