Аџибадем Систина со пресврт до победа над Матрикс

Аџибадем Систина 3-2(0-1) Матрикс

Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 24’ 36’ Даниел Боневски 30’
Матрикс: Тони Брњанчевски 6’ Виктор Петровски 36’

Динамично прво полувремеодиграа екипите на Аџибадем Систина и Матрикс, екипите во овој натпревар имаа ставено акцент на офанзивната игра. Екипата на Матрикс го отвори резултатот во раната фаза поточно 6та минута од полувремето. По оваа негатива екипата на Аџибадем Систина притисна кон голот на Матрикс но не успеваше да ја пробие одлично поставената одбрана. Екипата на Матрикс го издржуваше притисокот на Систина а преку брзи контра напади се обидуваше да го зголеми своето водство. Сепак до полувремето ниту една од екипите, иако имаше по неколку одлични шанси на двете страни, не успеа да постигне погодок па на полувремето се замина со резултатот од 6та минута 0-1 во корист на Матрикс. Во второто полувреме екипата на Аџибадем Систина и консолидира своите редови и со погодоци на Боневски и Ѓорѓиевски успеа да дојде до целосен резултатски пресврт. Аџибадем Систина продолжи со одличната игра и успеа да ја зголеми предноста на 3-1. Во винишот екипата на Матрикс се обидуваше и успеа да дојде до намалување на разликата но немаше сили за целосен резултатски пресврт.