Аџибадем Систина со пресврт до победа над Еуро Табак

Еуро Табак 5-7(3-2) Аџибадем Систина

Еуро Табак: Мартин Ливрински 37’ Никола Зафировски 27’ Дејан јанковски 7’ 14’ 17’
Аџибадем Систина: Ивица Петровски 25’ Игор Ѓоргиевски 33’ Бојан Саздовски 36’ Кристијан Димковски 35’ Мирослав Неделковски 15’ 17’ 40’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Еуро Табак и Аџибадем Систина, прва до водство дојде екипата на Еуро Табак во 7та минута. Одличната игра Еуро Табак ја круниса со уште еден погодок и водство од 2-0 во 14та минута, екипата на Систина направи неколку измени во својот тим со што ја пронајде својта игра и успеа да фати резултатски приклучок. Екипата на Еуро Табак во ова полувреме го имаше расположениот Јанковски кој со својот трет гол и донесе водство на својата екипа од 3-2, резултат со кој се замина на полувреме. На стартот на второто полувреме екипата на Систина успеа да постигне погодок за израмнување на резултатот па по ова следуваше вистинска бркотница на теренот. Во таквата отворена игра поснаодлива беше екипата на Систина која го доби овој натпревар со 5-7.