Боневски со хет-трик ја водеше Аџибадем Систина до победа над А1

Aџибадем Систина 4-2(1-0) А1
Aџибадем Систина: Даниел Боневски 16’ 22’ 23’ Дамјан Јовчевски 35’
А1: Стефан Петровски 24‘ Гордан Живсковски 32‘

Последниот натпревар од првото коло го одиграа екипите на Аџибадем Систина и А1. И двете екипи во првото полувреме играа долги напади со многу проигрувања како би можеле да ја имаат топката што подолго в освој посед. Во ваквата игра тешко се доаѓаше до отворени шутеви кон противничкиот гол. Екипата на Аџибадем Систина дојде до водство во втората половина од полувремето, кога преку Даниел Боневски Aџибадем Систина поведе со 1-0, Резултат со кој се отиде на полувремето. На стартот од второто полувреме Aџибадем Систина со два брзи гола преку вечерва расположениот Даниел Боневски успеа да стекне предност од 3-0. Но а1 преки Петровски-Живсковси намали на 3-2 и фати резултатски приклучок но во самиот финиш Aџибадем Систина не ги испушти конците од своите раце. Смирено и рутинирано го водеше овој натпревар до победа од 4-2.