Ван Хоол со тимска игра го совлада Матрикс за влез во Ф4

Ван Хоол 8-1(4-0) Матрикс

Ван Хоол: Даниел Стаменковски 2”, Пеце Даилоски 9” 10” 12”, Валентино Трајковски 24” 28”, Димче Андов 34”, Филип Никодиновски 34”
Матрикс: Драган Брњарчевски 36”

Вториот осмофинален дуел за влез во Ф4 фазата го одиграа екипите на Ван Хоол и Матрикс. И двете екипи со максимално сериозен пристап влегоа во овој натпревар. На самиот старт екипата на Матрикс со грешка во додавањето му дозволи на Ван Хоол да реализира гол од 1-0 преку Стаменковски 2”. Екипата на Матрикс се обидуваше со притисок во предно поле да ја спречи поставеноста на нападот на Ван Хоол кој играше со голман-играч, но Ван Хоол во својте редови го имаше Даилоски кој со хет-трик му донесе предност од 4-0 на Ван Хоол, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме екипата на Ван Хоол продолжи во ист ритам со колективна игра која им овозможуваше преку организиран напад да доаѓаат до отворени шанси за гол. Екипата на Матрикс се обидуваше со чести измени да најде противигра за вечерва расположениот Ван Хоол, но Ван Хоол не дозволи Матрикс да наметне свој ритам па на крајот го доби овој натпревар со 8-1