Во израмнет натпревар Алкалоид и L.C. Waikiki ги поделија бодовите

Алкалоид 3-3(1-1) L.C. Waikiki

Алкалоид: Сунај Љазми 13’ Николче Дамјановски 40’ Марко Марковски 28’
L.C. Waikiki: Џенгис Ахмед 38’ Фуркан Фетаи 34’ Армин Дрпљанин 11’

Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу Алкалоид и L.C. Waikiki мина во мирен ритам во кој и двете екипи беа претпазливи и повеќе внимаваа на својот гол. Како одминуваше времето двете екипи го подигнаа темпото на игра и започнаа да се редат шанси и на двете страни. Екипата на L.C. Waikiki преку Дрпљанин во 11та минута го отвори резултатот, следуваше брз одговор од екипата на Алкалоид преку Љазми во 13та минута. До крајот на полувремето двете екипи успеаа да створат по неколку шанси за погодок но не успеаа да реализираат, па на полувремето се замина со 1-1. Во второто полувреме се продолжи со висок ритам на игра и жестока борба на секоја педа од теренот, екипата на Алкалоид успеа во 28та минута да постигне погодок и да дојде до водство од 2-1. Во финишот од натпреварот екипата на L.C. Wakiki преку Фетаи успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот за да ги направи последните минути од натпреварот неизвесни. Во ваквата неизвесна завршница двете екипи ги поделија бодовите со резултат од 3-3.