Во неизвесен натпревар Атлантик Груп успеа да ја совлада Пивара Скопје

Пивара Скопје 4-5(1-5) Атлантик Груп

Пивара Скопје: Делчо Кировски 16”, Жарко Вељовиќ 25”, Влатко Трпковски 39”, Кристијан Крстевски 40”
Атлантик Груп: Љупчо Пафковиќ 3”, Мирослав Тодоровски 6”, Далибор Тасевски 10”, Бојан Петковски 13” 20”

Екипата на Атлантик Груп уште во раната фаза успеа да постигне гол во дуелот со Пивара Скопје и успешно го отвори овој натпревар, стрелец на голот беше Пафковиќ во 3та минута. По не цели две минути му се приклучи Тодоровски кој настапуваше како голман-играч и со маестрален гол му донесе водство на Атлантик Груп од 0-2. Екипата на Пивара Скопје се обидуваше со Кировски како голман-играч да стекне предност во делот на нападот но Атлантик Груп беше присебен и не дозволи изненадување па на полувремето замина со предност од 1-5.
Во второто полувреме екипата на Пивара Скопје заигра по решително и со целосен притисок во предно поле. Тоа вроди со плод па со гол во 25та минута кој го постигна Вељовиќ успеа да намали на 2-5. Во понатамошниот дел од натпреварот екипата на Пивара Скопје ја засили играта во делот на нападот и со одлична реализација успеа да се приближи на 4-5 но екипата на Атлантик Груп успеа да ја сочува предноста од првото полувреме, не дозволи изненадување, па го доби овој натпревар со 4-5.