Во неизвесна завршница ЕЛЕМ поуспешни од Уни Банка

ЕЛЕМ 8-5(2-3) Уни Банка

ЕЛЕМ: Ристовски Стефановски 4’ Павле Маџовски 29’ 35’ Златко Станковски 40’ Влатко Петровски 28’ 39’ 40’ Александар Бокан 40’
Уни Банка: Ангел Петков 20’ Александар Кузинаков 36’ Ивица Орозовски 16’ 19’ Ненад 32’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на ЕЛЕМ и Уни Банка, првиот дел од полувремето и припадна на екипата на ЕЛЕМ која со погодоци во 4та и 8та минута се стекна со водство од 2-0. Како одминуваше времето екипата на Уни Банка го зголемуваше притисокот кон противничкиот гол па во последните минути од полувремето успеа да да постигне три погодоци и да направи целосен резултатски пресврт и предност од 2-3 на полувремето. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ ја превзеде иницијативата и се префрли на противничката половина што резултираше со погодоци во 28та и 29та минута за повторно да го превземе водството на овој натпревар. Екипата на Уни Банка не се откажуваше лесно од овој натпревар па во 30та минута со оличниот погодок на својот голман успеа да дојде до израмнување. Последните минути од натпреварот беа вистинска драма во која голманот на екипата на ЕЛЕМ Петровски со прекрасен погодок успеа да и ја донесе победата на екипата на ЕЛЕМ со 8-5.