Во пенал завршница Макпетрол ја совлада УНИКА за влез во Ф4

Макпетрол 2-2(2-1) УНИКА

Макпетрол: Мишо Ѓоргиевски 4’ 16’
УНИКА: Аднан Лимани 13’ 35”

Првиот дуел за влез во Ф4 фазата го одиграа еките на Макпетрол и УНИКА, Натпреварот започна со одличен фудбал двете екипи беа во своите нај јаки состави на двете страни се играше контролиран напад без ризични додавања, а во одбраната и двете екипи се трудеа да ги затворат сите приоди кон нивните голови. Прва до водство дојде екипата на Макпетрол во 4та минута преку Ѓоргиевски, оваа предност екипата на Макпетрол успеа да ја сочува се до 13та минута кога УНИКА преку Лимани успеа да израмни на 1-1. По само неколку минути Ѓоргиевски преку контра напад успеа да му донесе предност на Макпетрол од 2-1 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме и двете екипи играа крајно израмнет дуел екипата на УНИКА остана без главниот играч Арбен Нухиу кој заработи повреда на препоната па натпреварот го продолжија со Чупи на голот ваквата игра и овозможи играч плус во делот на нападот па во 35та минута Лимани Повторно стрелаше за 2-2. До крајот на овој натпревар мрежичките мируваа по што се влезе во пенал завршница. Во пенал завршницата екипата на Макпетрол беше со повеќе нерви па го доби овој натпревар со 6-5 по изведување на пеналите.