Во ферплеј натпревар ЕЛЕМ победи над А1

А1 1-10(0-6) ЕЛЕМ

А1: Фати Хаји 39”
ЕЛЕМ: Илир Елмазовски 2” 14”, Николче Јовановски 11”, Никола Мицевски 13”, Ристо Стефановски 15”, Владе јанакиевски 18”, Тихо Груевски 24” 40”, Благојче Марковски 27”, Дејан Апостоловски 38”,

Третиот дуел вечерва за влез во завршниот турнир го одиграа екипите на А1 и ЕЛЕМ. Екипата на ЕЛЕМ уште на самиот старт буквално во првите минути од натпреварот преку Елмазовски успеа да поведе со 0-1. Екипата на А1 се обидуваше да наметне игра преку која ќе дојде до отворена шанса за гол. ЕЛЕМ не дозволи изненадувања во техничко-тактичките замисли па од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот на полувремето изнесуваше високи 0-6.
Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ влезе со голман-играч. Ваквата поставеност им овозможи да го изненадат А1. Предноста што ја стекнуваа со голман-играч за да добијат играч плус во делот на нападот успеаа да ја преточат во гол повеќе. Во останатиот дел од полувремето екипата на А1 се обидуваше да најде против игра но не успеа во тоа па го загуби овој натпревар со 1-10.