Во фер-плеј натпревар Фабрика Карпош – ГИМ подобри од А1

Фабрика Карпош – ГИМ 5-1(3-1) А1

Фабрика Карпош – ГИМ: Бојан Голабовски 9’ 11’ Филип Илиевски 17’ 36’ Тони Котев 37’
А1: Леонид Јандреоски 15’

Во фер-плеј натпревар силите ги одмерија екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и А1. На стартот на полувремето двете екипи започнаа со смирена игра со точни подавања и чекаа на грешка на противникот за да дојдат до реализација. Екипата на Фабрика Карпош – ГИМ го отвори резултатот во 9та минута од полувремето со погодокот на Голабовски кој по само две минути повторно стрелаше за зголемување на водството. Екипата на А1 во 15та минута од полувремето со погдокот на Јандреоски ја намали разликата на 2-1, сепак екипата на Фабрика Карпош ја имаше контролата врз играта и до полувремето успеа да зголеми на 3-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме се продолжи во ист ритам екипата на Фабрика Карпош ја имаше контролата врз играта и резултатот. Екипата на А1 имаше неколку одлични шанси но голманот на Фабрика Карпош одлично ја чуваше својата мрежа и не дозволи лесни погодоци. До крајот на натпреварот екипата на Фабрика Карпош – ГИМ преку вториот погодок на Илиевски и погодокот на Котев успеа да ја зголеми предноста па на крајот да слави со резултат од 5-1.