Гранит и С.Ц. Борис Трајковски ги поделија бодовите

С.Ц. Борис Трајковски 5-5(1-0) Гранит

С.Ц. Борис Трајковски: Влахо Костов 22’ Љубомир  Стојановски 14’ Јован Димовски 28’ 35’ Оливер Китановски 37’

Гранит: Дарко Петров 29’ Дарко Стојановски 29’ 32’ Сашо Каровски – Џуме 40’ 40’

Првиот дел од полувремето од натпреварот помеѓу С.Ц. Борис Трајковскии Гранит одмина во мирно темпо на игра без многу шанси за погодок и на двете страни. Како одминуваше времето двете екипи го подигаа темпото на игра со што започнаа и конкретни закани кон противничките голмани. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски во 14та минута успеа да искористи кикс во одбраната на Гранит и преку Стојановски успеа да го отвори резултатот на 1-0. По оваа негатива екипата на Гранит започна со жесток пресинг на целиот терен бркајќи израмнување, сепак екипата на С.Ц. Борис Трајковски до полувремето успеа да ја задржи предноста од 1-0. На стартот од второт полувреме екипата на С.Ц. Борис Трајковски преку својот голман Костов успеа да го зголеми водството на 2-0, што дополнително ја отежна работата на Гранит. По оваа негатива екипата на Гранит внесе голман играч со цел да створи вишок во фаза на напад како полесно би креирале шанси за погодок. Оваа промена на тактиката вроди со плод па до крајот на натпреварот со два гола во последната минута успеаа да го изедначат резултатот на 5-5 и да ги поделат бодовите.