Гранит со одлична завршница до победа над Пекабексо

Гранит 7-5(4-3) Пекабеско

Гранит: Стефан Тевдовски 19’ Дарко Стојановски 7’ 14’ 34′ Дарко Петров 33′ Пепи Мицев 2’ 29′ 
Пекабеско: Алвин Бачко 4’ 9’ Ѓоре Бочваров 12’ 21’ 
Бобан Вујиќ 35′

Ефикасно прво полувреме прикажаа екипите на Гранит и Пекабеско, двете екипи во овој натпревар влегоа офанзивно фокусирани повеќе на нападот одколку на одбраната. Прва резултатот го отвори екипата на Гранит во 2та минута со голот на Мицев, но по само две минути екипата на Пекабеско го израмни резултатот. Се играше гол за гол се до финишот од полувремето кога екипата на Гранит со брз контра напд и одличен погодок на Тевдовски реализираше за 4-3 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Пекабеско имаше брза реализација и израмнување на 4-4 со што ја продолжи неизвесноста во овој натпревар. Екипата на Гранит прикажа одличен период на игра и направи солидна предност која екипата на Пекабеско не успеа да ја стигне па на крајот славеше со 7-5