Димитриевски кога беше најпотребно со гол и донесе победа на Окта во дуелот со Леар

Леар 4-6(4-0) Окта

Леар: Робертин Златевски 1”, Александар Смилјановски 7”, Борче Јовановски 8”, Златко Смилески 17”
Окта: Мартин Мијалковски 22” 30”, Александар јовчевски 26”, Владислав Илиќ 34”, Иван Димитриевски 38”, Дарко Бојковски 40”

Екипите на Окта и Леар максимално мотивирано влегоа во овој натпревар. Се чинеше дека уште на самиот старт и двете екипи беа свесни дека победа ги носи во понатамошниот дел од натпреварувањата а пораз за нив значи крај на оваа сезона. Екипата на Окта натпреварот го започна со голман играч како би остварила играч плус во делот на нападот, но Леар имаше одлична поставеност во одбраната преку која не и дозволуваше на Окта со проигрување да дојде до отворена шанса за гол. Во ваквата игра Леар преку контра напади успеа да го контролира натпреварот и уште во првата половина од првото полувреме стигна до водство од 3-0. Во втората половина од првото полувреме и двете екипи играа многу внимателно, не дозволувајќи отворени удари кон сопствениот гол, но екипата на Леар со одлична одбрана преку голманот Смилески кој стрелаше од гол на гол успеа да отиде на полувремето со предност од 4-0.

Во второто полувреме екипата на Окта направи притисок во предно поле со што целосно ја смени тактиката. Со ваква поставеност и друг концепт на игра успеваше да дојде до отворени шанси за гол, кои истите со одлична реализација ги претвораше во голови. Од минута во минута го намалуваше водството на Леар стекнато во првото полувреме, со што стигна до израмнет резултат од 4-4. Во овие клучни моменти кај Окта проработе голманот Иван Димитриевски 38” кој беше прецизен кога е нај потребно и со гол и донесе пресврт на Окта од 5-4. Во самиот финиш Леар се обиде со голман играч да се врати во натпреварот но Окта имаше одлично воторо полувреме, не дозволи пресврт и на крајот славеше сп 4-6.