Дуото Мартиновски – Шабани му донесе победа на ТАВ над Халк Банка за влез во Ф4

Халк Банка 2-5(1-3) ТАВ

Халк Банка: Дарко Крстевски 9’ 33’
ТАВ: Петар Мартиновски 2’ 8’ Еркан Шабани 20’ 36’ Сабри Лесковица 40’

Вториот дуел за влез во Ф4 го одиграа екипите на Халк Банка и ТАВ. Екипата на ТАВ во раната фаза од овој натпревар речиси на самиот почеток преку одлично изработена акција во реализација на Мартиновски успеа да дојде до водство од 0-1. Ова беше сигнал за екипата на Халк Банка да заигра поофанзивно во делот на нападот како би можела да го израмни резултатот. Но вечерва расположениот Мартиновски во 8та минута успеа да го изненади голманот на Халк Банка и да донесе водство на својот тим од 0-2. Екипата на Халк Банка одговори преку Крстевски во следниот напад и намали на 1-2, до самиот финиш од полувремето се играше егал на двете страни се до 20та минута кога Шабани преку контра напад успеа да зголеми на 1-3 резултат со кој се замина на паузата. Второто полувреме започна со брз и отворен фудбал на двете страни по груб старт екипата на ТАВ остана со играч помалце тоа го искористи Халк Банка која преку Крстевски го намали резултатот на 2-3. Во самиот финиш од натпреварот екипата на Халк Банка се обиде со голман играч да го израмни резултатот но екипата на ТАВ беше смирена успеа да го одбрани налетот на Халк Банка и преку дуото Шабани – Лесковица кои запишаа по еден гол успеаа да ја осигураат победата над Халк Банка со резултат од 2-5.