Дуото Стаматовски-Хрдличка со два хет-трика му донесе победа на Аптив над НЛБ Банка

Аптив 7-6(3-4) НЛБ Банка

Аптив : Киире Стаматовски 12” 15” 36”, Дамјан Хрдличка 14” 25 26, Марјан Тодоровски 29”,
НЛБ Банка: Фарум Бињали 3” 11”, Милош Денковски 4” 20” 21”, Миле Блажевски 28”

Екиапта на НЛБ Банка одлично го отвори натпреварот со Аптив. Уште на самиот старт во раната фаза преку Биљали дојде до водство од 0-1. Екипата на Аптив немаше против игра за ваквата поставеност на НЛБ Банка. Биљали беше расположен, па асистираше за вториот гол кој го постигна Денковски, и го простигна третиот гол за 0-3. Екипата на Аптив беше приморана да повика тајмаут по што во натпреварот се врати со голман играч како би стекнала играч плус во делот на нападот. Оваа игра вроди со плод и Аптив со три последувателни гола успеа да го израмни резултатот, стрелци на головите беа дуото Стаматовски-Хрдличка. Во самиот финиш на првото полувреме Денковски постигна втор гол за водство на НЛБ Банка од 3-4 на истекот од 20та минута.
Во второто полуврем се играше драматичен натпревар. и двете екипи најизменично се менуваа во водството. Во самиот финиш екипата на Аптив беше со повеќе нерви па успеа да издвои миинимална победа од 7-6.