ЕВН со одлично второ полувреме до реми во дуелот со Уни Банка

ЕВН 6-6(3-3) Уни Банка

ЕВН: Вилијам Митев 16’ Виктор Валканчев 16’ 40’ Бојан Симоновски 36’ Ајет Новобрдарија 17’ 27’

Уни Банка: Ѓорѓи Пецевски 7’ Александар Кузинаков 21’ 25’ 26’ Ивица Орозовски 5’ 7’ Одличен старт за екипата на Уни Банка во дуелот со ЕВН, уште на самиот старт на натпреварот екипата на Уни Банка наметна високо темпо на игра и успеа да креира одлични шанси за погодок, па до 7та минута и да се стекне со високо водство од 0-3. Екипата на ЕВН по оваа негатива се префрли на противничко поле и вршеше жесток притисок кон голот на Уни Банка па во период од само две минути односно 16та и 17та минута успеа да постигне 3 погодоци и да дојде до израмнување на 3-3 резултат со кој се замина на паузата. На самиот старт на првото полувреме екипата на Уни Банка преку трите гола наКузинаков успеа повторно да го превземе водството на 3-6. По оваа негатива екипата на ЕВН не и преостана ништо друго освен да тргне по тотална офанзива по израмнување, од минута во минута ја топеа предноста на Уни Банка се до 36та минута кога успеаа да дојдат на само гол негатива и да ја напраат оваа завршница неизвесна. Во ваквата неизвесна завршница, буквално во последните секунди од натпреварот екипата на ЕВН успеа да постигне погодок и да дојде до многу значаен бод за понатамошното разигрување и конечен резултат од 6-6.