ЕВН со убедлива игра до победа над Пекабеско

Пекабеско 1-9(0-5) ЕВН

Пекабеско: Александар Спасовски 24’
ЕВН: Наумче Бадаловски 5’ 32’ Бојан СИмоновски 34’ Ајет Новобрдалија 11’ 15’ 24’ Бојан Тодоровски 16’ Томислав Блажевски 20’ Дејан Китановски 39’

Одличен старт за екипата на ЕВН со екипата на Пекабеско, со погодокот на бадаловски во 5та минута екипата на ЕВН го отвори резултатот. Овој рано постигнат погодок на екипата на ЕВН и даде дополнителен мотив па тргна уште пожестоко кон голот на Пекабеско што резултираше со комотно водство од 0-3 до 15та минута. Екипата на Пекабеско со сите сили се обидуваше да постигне погодок и да фати резултатски приклучок но не успеа во ова полувреме, па до крајот на полувремето примија уште два гола за високо водство од 0-5 за ЕВН на полувремето. На стартот од второто полувреме екипата не Пекабеско успеа да постигне погодок и тргна поагресивно со цел да ја намали високата негатива на полувремето. Таквата офанзивна игра скапо ги чинеше, екипата на ЕВН го казнуваше секој нивни кикс за на крајот да го добие овој натпревар со убедливи 1-9.