Екипата на Рамстор убедлива во дуелот со Уни Банка

Уни Банка 2-10(1-4) Рамстор

Уни Банка: Ангел Пеков 1’ Александар Најдевски 40’
Рамстор: Енис Мурселов 23’ Фуркан Муртезан 7’ 16’ Ибрахим Бекир 38’ 39’ Михрем Мемед 4’ 5’ 40’ Горан Џугуманов 35’ Владимир Боцевски 27’

Одличен старт за екипата на Уни Банка во дуелот со Рамстор, уште во првата минута со одличен погодок Петков го отвори резултатот за водство на Уни Банка. Следуваше брз одговор на екипата на Рамстор со двата погодоци на Мемед и целосен резултатски пресврт. Неколку минути подоцна екипата на Рамстор постигна погодок преку Муртезан за водство од 1-3. До крајот на полувремето екипата на Уни Банка се обидуваше да го намали водството но екипата на Рамстор одлично ја постави играта не дозволи намалување на водството и успеа да постигне погодок за зголемување на водството на 1-4 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Уни Банка се обиде со промена на тактиката во игра внесе голман играч како би фатила резултатски приклучок, тие успеаа да створан неколку шанси но имаа слаба реализација а тоа екипарта на Рамстор преку контра напади знаеше да го казни за висока победа на овој натпревар од 2-10