Екипата на С.Ц. Борис Трајковски со одлично второ полувреме до победа во дуелот со ЈСП

С.Ц. Борис Трајковски 4-2 ЈСП

С.Ц.Борис Трајковски: Јован Димовски 6’ 34’ Oливер Китановски 26’ Александар Василевски 36’
ЈСП: Сабит Хусеин 7’ Дејан Блажевски 35’

Екипата на С.Ц.Борис Трајковски одлично го отвори дуелот против екипата на ЈСП, тие со рано постигнат погодок уште во 6’ со голот на Димовски го отворија резултат за водство од 1-0. Екипата на ЈСП за кусо време спреми одговор па веќе следната минута со голот на Сабит успеа да израмни на 1-1. До крајот на полувремето и двете екипи имаа свои одлични периоди на игра, успеваа да креираат шанси но имаа слаба реализација па на полувреме се замина со резултат од 1-1. На почетокот од второ полувреме екипата на С.Ц.Борис Трајковски успеа да постигне погодок и повторно да го превземе водството. По ова екипата на ЈСП се префрли на противничко поле и вршеше силен притисок кон голот на С.Ц.Борис Трајковски со цел да дојде до израмнување, но екипата на С.Ц.Борис Трајковски со одлична игра во одбраната успеа да го сочува својот гол и на крајот да го добие овој натпревар со резултат од 4-2.