Екипата на ЈСП ја сочува предноста од полувремето во дуелот со МЕПСО

ЈСП 9-4(5-4) МЕПСО

ЈСП: Дејан Блажевски 10’ Марјан Србиновски 17’ Љупчо Павловиќ 4’ 18’ Даниел Антовски 32’ 33’ 39’ Гоце Крстевски 6’ Сашо Ѓоргиевски 39’
МЕПСО: Александар Јоксимовски 6’ Тони Честојнов 8’ Диме Рошковски 13’ 20’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ЈСП и МЕПСО, на самиот старт и двете екипи започна со отворена игра па и од таму многу шанси за гол и на двете страни. Прва во водство дојде екипата на ЈСП во 4та минута, следуваше брз одговор од страна на МЕСПО со израмнување во 6та минута. До крајот на полувремето видовме многу атрактивни потези одлични шанси и прекрасни погодоци, во таквата игра поуспешна беше екипата на ЈСП која го доби полувремето со резултат од 5-4. Во второто полувреме и двете екипи во својата тактика применија голман играч што им овозможуваше повеќе простор за комбинација во фаза на напад. Во ваквата игра на надмудрување поуспешна беше екипата на ЈСП која го доби овој натпревар со резултат од 9-4