Корпа ја сочува предноста и славеше во дуелот со Гранит

Корпа 4-3(1-1) Гранит

Корпа: Даниел Жерновски 26’ 29’ Анел Курти 7’ Илчо Мојсовски 39’
Гранит: Аце Димитровски 34’ Мартин Фотевски 40’ Димитар Илиевски 11’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Корпа и Гранит, екипата на Корпа прва притисна во предно поле и со тоа дојде до предност во 7та минута преку погодокот на Курти. Екипата на Кропа продолжи со одлична игра и имаше неколку одлични шанси за зголемување на водството но слаба реализација што екипата на Гранит успеа да го казни во 11та минута преку погодок на Илиевски и израмнување на 1-1. До крајот на полувремето двете екипи имаа по неколку одлични шанси но титу една од екипите не успеа резултатски да се одвои, па на паузата се замина со резултат од 1-1. Во второто полувреме екипата на Корпа успеа да искористи грешки во одбраната на Гранит и дојде до повторно водство преку погодокот на Жерновски во 26та минута истиот само неколку минути подоцна стрелаше и за 3-1. Екипата на Гранит ги консолидира своите редови притисна во предно поле и преку Димитровски успеа да дојде до само еден гол негатива што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Иако и двете екипи во завршницата успеаа да постигнат по еден погодок, екипата на Корпа успеа да ја сочува предноста и на крајот да славеше со 4-3.