Лукоил со одлична реализација до победа на Аптив

Лукоил 7-0(2-0) Аптив

Лукоил: Горан Стојанов 9”, Димитар Иванов 12” 32” 34”, Андреј Симоновски 26”, Петар Лефков 30”, Лоренцо Николоски 38”.
Аптив:

Дуелот помеѓу екипите на Лукоил и Аптив го отвори екипата на Лукоил во средината на првото полувреме преку Стојанов 9”. И на двете страни се играше отворен фудбал. Екипите се обидуваа преку организирани напади да дојдат до отворен шут кон противничкиот гол. Екипата на Лукоил во 12” искористи грешка во одбраната на Аптив и успеа преку Иванов да поведе со 2-0. Екипата на Аптив со чести измени во својот ростер се обидуваше да го смени текот на натпреварот но Лукоил со смирена игра остана присебен и на полувремето замина со водство од 2-0.
Во второто полувреме екипата продожи со притисок во предно поле, не дозволувајќи му на Аптив да игра контролиран напад и постави игра во која би направил пресврт. Со ваквата поставеност екипата на Лукоил со одлична реализација од минута во минута го зголемуваше водството кое на крајот од овој натпревар изнесуваше 7-0.