Лукоил со одлично прво полувреме до победа над Атлантик Груп и влез во Ф4

Лукоил 6-3(4-1) Атлантик Груп

Лукоил: Горан Стојановски 5’ 39’ Лоренцо Николовски 3’ 4’ 12’
Атлантик Груп: Далибор Тасевски 36’ Љупчо Павковиќ 25’ Благојче Стојановски 18’

Екипата на Лукоил во дуелот со Атлантик Груп влезе мошне мотивирано и уште на самиот старт започна во висок ритам играјќи пресинг по целиот терен. Ваквата поставеност во играта на Лукоил му овозможи да дојде до отворени шанси за гол кои успеаа да ги реализира најпрво преку Николовски во 3та и 4та минута на кој му се прииклучи и Стојанов во 5та минута за водство од 3-0. Во средината на првото полувреме во 12та минута денес расположениот Николовски успеа да оствари хет-трик и на својата екипа Лукоил и донесе предност од 4-0. Во финишот на самото полувреме Стојановски кај Атлантик Груп преку контра напад стрелаше за намалување на разликата на 4-1 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Атлантик Груп успеа да ги консолидира своите редови и со организиран напад го однесе натпреварот во друг тек. Преку колективна игра успеа да го намали водството на Лукоил преку Павковиќ и Тасевски 25та и 32та минута, но се чини дека времето беше сојузник на Лукоил па Атлантик не можеше да направи пресврт на овој натпревар кој го загуби со 6-3.